#КојГоУбиДедоМраз: Почнува кампањата „Слави со срце, не со оружје“

Националната комисија за мало и лесно оружје во соработка со Министерството за внатрешни работи и  UNDP/SEESAC, во периодот од  15 декември до 15 јануари 2016 ќе ја спроведе превентивна акција „Слави со срце, не со оружје“.

„Акцијата е во рамки на Националната стратегија и Акциониот план, а ќе се спроведува на целата територија на Република Македонија во пресрет и за време на Новогодишните и Божиќните празници. Таа има за цел зголемување на свеста кај граѓаните за некористење на оружје за време на претстојните прослави“, велат од МВР.

Според Претседателот на Националната комисија за мало и лесно оружје и Државен секретар во Министерството за внатрешни работи, Сања Димитриевска, идејата е да се допре до секој граѓанин со предупредување за опасноста од користење на оружје. „Славете со срце, не со оружје“, порачува Димитриевска.

Во рамки на превентивната акција, на официјалната Фејсбук-страница на Националната комисија за мало и лесно оружје, ќе бидат поставени рекламни материјали со хаштаг #КојГоУбиДедоМраз