„Која е иднината на Скопје 55 години по земјотресот?“ – повик за учество на работилница по поезија

Како градот Скопје да ги препознае просторните и културните вредности и предизвици на денешницата и да предизвика визии за идно урбано созревење, 55 години по настаните од 1963?

Две паралелни бесплатни работилници ќе се одржат од 27-ти до 30-ти октомври, една работилница по архитектура предводена од Сара Симоска и една по поезија предводена од Калиа Димитрова.

Работилницата по архитектура е веќе пополнета и ќе се служи со колажот како алатка, а крајна цел ќе биде поставување на просторна инсталација во детално избрана локација.

Повикот за работилницата по поезија се уште е активен и ќе вклучува вежби за креативно пишување и разговори за личното видување и доживување на градот од страна на учесниците, со цел изработка на кратки книжевни дела кои ќе бидат изведени при просторната инсталација.

Дополнително, на четирите дневни работилници ќе се приклучат гости со кратки презентации:

Христина Секулоска и Ирена Милојеска | ХИМА
Мартин Пановски 
| AAM, RADiUs
Иван Шопов | 091 – Антиразгледници од Скопје
Бранислав Спировски и Димитар Попов | Reborn
Даница Павловска Циги | ААМ, Го сакам ГТЦ
Илија Стефановски | [0.10]error of harmony
Васил Шемкоски 
| Скопје 091
Трајко Димитров | архитект од првата генерација архитекти на Македонија
Филип Конески и Мартина Штериова 
| МАРХ
Владо Данаилов | Архи.тек и Студио 90

Ирене Манцини, истражувач од Италија на UCL Аrchitecture London

По завршување на истражувачкиот дел од проектот, ќе биде креаирана интерактивна публикација.