Кој ја измислил нулата?

Можеби изгледа како очигледен дел од кој било нумерички систем, но изненадува тоа што нулата е понов изум во историјата на човековата историја. Всушност, познатиот симбол за „ништо“ не дошол во Европа се до крајот на 12-от век.

Кој ја измислил нулата?

Потеклото на нулата датира од „плодната полумесечина“ на стара Месопотамија. Симеријците оставале простор за да наведа отсуство на ред на броеви дури пред 4.000 години, но првото забележано користење на симбол сличен на нулата датира некаде околу третиот век пр.н.е., во стариот Вавилон.

Вавилонците развиле систем на броеви на основа на вредноста на 60, и создале посебен знак – две мали клинчиња – за да разликуваат помеѓу магнитудите, исто како модерниот децимален систем кој ја користи нулата за да се прави разлика помеѓу десетките, стотките и илјадинките. Сличен вид на симбол бил користен во Јужна Америка некаде помеѓу 350 г.н.е., кога Маите почнале да го користат маркерот нула во нивните календари.

Во овие први системи на броеви нулата се сметала само како поврзувач – а не како бројка со свои уникатни својства. Важноста на нулата не се појавила се до седмиот век од н.е. во Индија. Таму математичарот Брамагупта и други, користеле мали точки под бројките за да прикажат нула поврзувач, но исто така ја сметале нулата и како мала нултна вредност, наречен „сунња“.

Исто така Брамагупта бил првиот кој укажал дека број поделен сам со себе е еднаков на нула. Од Индија, нулата стигнала во Кина и назад на Блискиот исток, каде ја презел математичарот Мухамед Ибн Муса ал Коваризми, околу 773 година. Токму ал Коваризми бил прв кој ја синтетизрал индиската аритметика и покажал како нулата може да функционира во алгебарските равенки, и така до деветиот век нулата влегла во арапскиот нумерички систем со својот овален облик кој и денес го користиме.

Нулата продолжила да мигрира уште неколку века, пред конечно да стигне во Европа околу 12-от век. Мислителите, како што бил италијанскиот математичар Фибоначи, помогнале да се воведе нулата во мејнстримот, и подцна таа воглавно играла значајна улога во делата на Рене Декарт заедно покрај Сер Исак Њутн и пронаоѓањето на калкулусот на Готфрид Лајбниц. Оттогаш, концептот на „ништо“ продолжил да игра улога во развојот на се, од физиката и економијата до инженерството и дигиталните комјутери.

Извор: МИА