Кој е одговорен за нелегалното споделување музички фајлови – родителот или тинејџерот?

Родителите не се одговорни за нелегалното споделување музички фајлови од страна на нивните пораснати деца, одлучи Врховниот суд на Германија. Експертите велат дека ова е тежок удар за индустријата  која треба да ги наплати, наводно неплатените услуги.

Кој е одговорен за пиратеријата - родителот или тинејџерот?

Родителите на своите пораснати деца можат да го дадат својот интернет приклучок на користење, без обврска да ги предупредуваат на опасностите од злоупотреба, ниту пак во исто време да ги контролираат. Ова неодамна го одлучи Федералниот суд во Карлсруе. Врховниот суд на Германија се осврна на ” посебната доверба помеѓу членовите на семејството “, пренесе Дојче Веле.

Дури кога родителите имаат причина да веруваат дека нивната интернет конекција се злоупотребува за кршење на авторските права , тие треба тоа да го спречат, или на друг начин да преземат одговорност, се дополнува во пресудата .

Причината за оваа пресуда е следниот случај: очув на дваесетгодишна тинејџерка е обвинет да плати 3500 евра за  музички концерти поради тоа што во еден ден во 2006 година од неговата интернет адреса се поставени повеќе од 3.700 музички снимки за нелегално преземање на интернет порталот ” BearShare “.

Сепак, очувот одбиле да плати тврдејќи дека тој не го направи тоа, туку неговата ќерка. И Врховниот суд на Германија му го даде тоа право: Поради семејни врски со посвоената ќерка, очувот и го препуштил својот интернет приклучок, а покрај тоа, судот ја образложил пресудаата и со зборовите дека полнолетните лица сами се одговорни за своите постапки.

Што пак се однесува до одговорноста за она што го прават малолетни деца , Врховниот суд донесе одлука со уште 2012 година. Така, родителите во принцип не се одговорни кога децата користат интернет за нелегална размена на музика. Тоа важи само под следниве услови: родителите треба на своите деца да им дадат на знаење дека ваквите портали за размена се нелегални и не треба да имаат било каков конкретен сомнеж дека нивното дете ја игнорира забраната.

Казните за нелегално користење на музика или филмови на интернет станаа многу зачестена појава, констатира „Заедница против лудилото на наплаќање неплатени долгови.” Во оваа заедница тврдат дека 2012 година испратиле повеќе од 110.400 писма со казни за наводно неплатени услуги.

 

Организацијата за 2013 очекува околу 165.000 слични писма да бидат испратени до корисниците на Интернет. Адвокатот и експерт за казни за наводно неплатени услуги , Јоханес Фон Риден, ја поздрави одлуката на Врховниот суд : тоа е значително намалување на одговорноста на сопствениците на интернет конекција во однос на досегашната, мошне ригорозна пракса.