Кои се најдобрите диџеи за 2013 година?

Читателите на сајтот Resident Advisor ги изгласаа најдобрите 100 диџеи за 2013 година. Според анкетата која ја правел сајтот, фокусот на гласањето за најдобар диџеј е исклучиво на годината која изминува. „Нашето годишно гласање е кулминација на безброј ноќи поминати на забави, искусени од луѓе од секој агол на сцената. Секој го избира „најдобриот“ во различна категорија, но колективниот глас треба да ни покаже кој најдобро ги размрдал забавите во 2013 година“, велат од RA.

Првите десет најдобри диџеи според гласачите на оваа анкета се:

10. Ben UFO

Ben UFO се најде за прв пат на оваа листа, откако неговите фанови на електронската сцена стануваат се побројни.

Кои се најдобрите диџеи за 2013 година?

09. Jamie Jones

За овој диџеј може да се каже дека ќе заглави подолго време на листата на најдобрите. Во се што прави, Jones успева да ги претвори непретенциозните добри вибрации во денс музика, па така воопшто не е чудно што луѓето гласаат за него.

Кои се најдобрите диџеи за 2013 година?

08. Loco Dice

Loco Dice оваа година излезе од неговата зона на комфорт. Со ЦД микс за Defected и лансирањето на Used + Abused, тој ја ризикуваше неговата глобална привлечност и евентуалното оддалечување од неговите најголеми фанови. Сепак, на крајот неговата популарност е сведено на едно нешто – диџејството.

Кои се најдобрите диџеи за 2013 година?

07. Ricardo Villalobos

Запрашан за тоа како е инспириран толку години да пушта музика на журки, Рикардо еднаш вели „Тоа е мотивација на мало дете кои си игра во песокот со часови, или игра фудбал десет часа со пријателите“. На добра вечер, може да го начекате овој дух кај него.

Кои се најдобрите диџеи за 2013 година?

06. Maceo Plex

Разноврсен. Нема подобар збор со кој може да се опише Maceo Plex во последните 12 месеци. Ова е дечкото кај кого се оди за добро техно, хаус музика од деведесетите, militant Detroit electro и за се што е помеѓу.

Кои се најдобрите диџеи за 2013 година?

05. Seth Troxler

А кој друг да ви го откачи фестивалот ако не тој? Во 2013 вивна кариерата на Seth Troxler благодарение на многу работа и безброј изодени милји, па така се чини дека ќе остане подолго на овие височини.

Кои се најдобрите диџеи за 2013 година?

04. Ben Clock

Зошто стана толкав хит „Being boiled“? Веројатно затоа што стилот на техното на Ben Klock не може да биде подалеку од општата апсурдност на самиот клип. Сепак, кога се работи за Klock, тој секогаш го прави тоа со насмевка на лицето и кревање на толпата.

Кои се најдобрите диџеи за 2013 година?

03. Richie Hawtin

Повеќе од било кој на оваа листа, Richie Hawtin и дава нешто многу драго на електронската музика – иднината.

Кои се најдобрите диџеи за 2013 година?

02. Tale of us

Изненадени? Веројатно не сте единствените. Но кога ќе ги земете во предвид сите успешни миксови на Tale of us, заедно со нивните резиденс забави во Enter и Circoloco во Ибица, плус со нивниот ремикс на Primitive people од Mano Le Tough, сребрениот медал е дефинитивно заслужен.

Кои се најдобрите диџеи за 2013 година?

01. Dixon

Верувањата на Dixon отсекогаш биле многу јасни. Кога започна како диџеј во 2007, по многу години поминати во Берлин на доусовршување на „занаетот“, тој како диџеј одлучи да користи мелодии, вокали и топлина за да ја раскаже неговата приказна. Шест години подоцна, овие негови принципи се посилни од било кога. Можеби има лесно дефиниран пристап, но Dixon прави многу интересни контрадикции – неговата музика е „лесна“, но задржува андерграунд кредибилитет, додека неговиот перформанс е безбеден и непредвидлив. Целиот овој баланс, го прави најдобар диџеј за 2013 година.

Кои се најдобрите диџеи за 2013 година?

Целата листа на 100 најдобри диџеи за 2013 година погледнете ја на следниот линк.