Кои се групите кои се обвинуваат за насилството на протестите во САД?

Претседателот Доналд Трамп и неговите соработници ги обвинија левите радикални екстремисти за насилството и провалувањето на протестите во САД протв полициската бруталност, но набљудувачките групи посочија кон заканата од радикално десничарски движења.

Скорешна проценка на органите за безбедност на САД вели дека насилството на протестите е поттикнато од опортунисти. Но проценката вели дека постојат докази дека екстремистички групи работеле поврзано на насилството, кое истовремено го промовирале и на интернет.

„Антифа“ скратено од „анти фашист“ е големо движење кое се спротивставува на луѓе и групи кои се сметаат себеси за авторитарни или расисти, велат од одделот за антидефамација, кој ги мониторира екстремистите.

„Антифа цели кон заплашување расисти“, но нивните агресивни тактики, влкучувајќи го и физичкото насилство можат да создадат „злобен, себеуништувачки круг од напади, контра-напади и обвиненија“, истакнале од одделот.

Ова движење се зголеми откако се случи собирот во Шарлотсвил во 2017, кога организирани националисти и врховисти се судрија со контрапротестантите. По Шарлотсвил, Трамп изјави дека имало добри луѓе и на двете страни и истовремено ги осуди за насилството. Сепак, Трамп посочи кон „Антифа“.

Марк Бреј, авторот на книгата „Антифа: Антифашистичкиот водич“, нагласил дека Трамп се фокусира кон групата за да избега од социјалноекономското незадоволство во САД, што е најголемата причина за протестите.

Што е „бугалу“ движењето?

Според групацијата која ги следи групите кои шират омраза, антивладиното движење има милитантна идеологија според која САД ќе доживее втора граѓанска војна. „Бугалу“ следбениците мислат дека владата ќе се обиде да го конфискува нивното оружје.

Во ноемвриска анализа, одделот за антидефамација истакнува дека разни следбеници различно ја теолкуваат идеологијата на движењето. Радикалните активисти за поседување на оружје го промовираат „бугалу“ движењето како војна против владата и либералите, додека белите врховисти го разбираат „бугалу“ како расна војна и бела револуција.

Ова движење минатата година стекна интернет внимание и популарност. Набљудувачка група од Вашингтон пронајде десетици илјади корисници на Фејсбук зачленети во приватни групи посветени на „бугалу“ движењето во рок од 30 дена, за време на дејствувањето на мерките против ширењето на коронавирусот. Во Фејсбук групите пронајдени биле дискусии за тактички стратегии, оружја и објави за правење на молотови коктели.

Групи на бели врховисти и бели националисти

Според набљудувачките групи и медиумите, мала група на бели врховисти и бели националисти биле забележани на скорешните протести. „The nationalist Social Club“, нео-нацистичка група била забележана на протестите во Бостон, Кноксвил и Тенеси. Според други медиуми, членови на радикално десничарската група „Proud bois“ биле забележани на протестите во Северна Каролина и Орегон.

Извор: Reuters