Кого следите на Твитер – алатки за подобар увид

Доколку листата на луѓе што ги следите на Твитер станала премногу долга и хаотична во текот на годините, еве три корисни алатки што ќе ви помогнат да ги анализирате и да управувате со акаунтите што ги следите, за да се подобри вашето целокупно Твитер искуство:

Кого следите на Твитер - алатки за подобар увид

Manage Filter– Бесплатниот пакет на Manage Filter нуди корисна функционалност за да гледате и управувате со сметките што ги следите. Може да ги гледате профилите кои не ве следат, кои не твитаат на англиски јазик, профили со високо или ниско влијание, профили на лица кои многу зборуваат или се тивки и оние кои не биле активни 30 дена. Исто така, има и опција за откривање на сомнителните, лажни профил кои ги следите. Како што се движите низ секоја од опциите Manage Filter ви овозможува да кликнете за да престанете да следите сметки кои се собрани од филтерите.

Кого следите на Твитер - алатки за подобар увид

 

UnTweeps Многу едноставна услуга, која ќе ви покаже кои лица што ги следите немаат твитови веќе некое време. Одличен начин да се ослободите од листа на лица кои не се активни на овој социјален медиум, отворајќи ја притоа можноста да следите активни корисници на вашиот стрим. Еднаш штом ја овластите апликацијата, може да изберете временски период на кој ќе се концентрират. Стандардот е да имате листа на профили што ги следите кои не се ажурирани 30 дена. Откако листата е генерирана може да кликнете и да видите повеќе информации и да ја проверите кутијата за секоја сметка што веќе не ја следите.

Кого следите на Твитер - алатки за подобар увид

Tweepi Со оваа алатка можете да направите „чистка“ и да ја видите листата на сите што ги следите. Корисно е тоа што може да се додаваат или отстрануваат колони за да имате повеќе информации за профилите кои ги следите. Заедно со основите: био, локацијата, бројот на следбеници, можете да видите и кој има верифициран акаунт, колку пати профилот се појавува на Твитер листата и кога последен пат ажурирале статус. Откако сте ги додале колоните што ги сакате, може да ја сортирате секоја страна на вашата листа за следење според овие критериуми.

Извор