„Кога свињите доаѓаат“ и „Пофалба на ништото“ вечерва на програмата на „Македокс“

Дождот не го спречи синоќешното отворање на „Македокс“. Публиката и покрај невремето се појави во голем број и започна со „режирање на реалноста“ – како што гласи годинешното мото.

Вториот ден од фестивалот за креативни документарни филмови „Македокс“ ќе започне во Куршумли ан од 18 часот со активности за деца и млади.

Вечерта, пак, почнува со проекции на краткометражниот „Земји на жени“ и „Кога свињите доаѓаат“ со почеток во 20:30 часот. На ова платно, ќе се прикажат и краткометражните „Сестри“ и „Опера за Полска“ од 22:30 часот.

Како дел од главната програма, во Куршумли ан ќе се прикажува полскиот „Над возможното“ од 21 часот. По него, следуваат документарните филмови „Помеѓу кадри“ и „Пофалба на ништото“.

Картите за проекциите може да се купат на самиот влез од Куршумли ан или преку веб-страницата Купи карти.

Повеќе за филмовите може да дознаете на следниот ЛИНК.