„Кога срамот ќе ја смени страната од жртвата и ќе се префрли на сторителот“: Биографијата на Жизел Пелико денеска отпечатена на 22 светски јазика

Мемоарите „A Hymn to Life: Shame Has to Change Sides“ (Химна на животот: Кога срамот ќе ја смени страната слоб. превод) на Жизел Пелико денес излегуваат на светскиот пазар на 22 јазици, претставувајќи го нејзиното прво лично сведоштво за долгогодишното сексуално злоставување, судскиот процес и одлуката да се откаже од правото на анонимност.

Во книгата, Пелико за првпат ја раскажува својата страна од приказната – како несвесно била дрогирана од нејзиниот поранешен сопруг Доминик Пелико и силувана од него и десетици други мажи во период подолг од една деценија. Вкупно 51 маж беа прогласени за виновни за силување и сексуален напад.

Случајот стана познат како судењето за силувањата во Мазан, кога Пелико реши јавно да се појави и да не бара затворена судска постапка. Таа објаснува дека сакала да се соочи со обвинетите лице в лице, но и да испрати порака дека „срамот треба да ја смени страната“ – од жртвите кон сторителите.

Мемоарите, напишани во соработка со француската новинарка Џудит Перигнон, опфаќаат и делови од нејзиното детство, љубовниот живот, кариерата и мајчинството, како и моментот во 2020 година кога полицијата ѝ покажала фотографии од неа додека била во бессознание и злоупотребувана.

Во декември 2025 година, Доминик Пелико беше осуден на 20 години затвор – максимална казна, додека останатите обвинети добија казни од три до 15 години. Со книгата, Пелико порачува дека не бара сожалување, туку правда и охрабрување за сите жени кои преживеале сексуално насилство.

Извор: Euronews.com

Фото: Архива