Кочанчаните „Корка“ го објавија своето истоимено издание

Младиот кочански бенд „Корка“ го објави своето истоимено деби EP, на кое се наоѓаат шест песни.

„Нашето прво ЕР (самонасловено) отсега официјално можете да го слушнете на YouTube и Bandcamp, а наскоро и на сите останати стриминг платформи. Целото ЕР е DIY, од снимањето до микс и мастер и се друго. Посебна благодарност до сите наши пријатели и на сите што го чекавте ова ЕР“, соопштија од „Корка“.

Петчлениот состав во неделата настапуваше на финалниот ден од фестивалот „Сепак се врти“, организиран од „Гола планина“ и пријателите.

„Голопланинци“ за нив рекоа дека се млад, гласен петчлен бенд од Кочани, кој инкорпорира множество елементи од дисонантните нојз рок 90-ти и бурната алтернативна рок сцена.

„Со својот самонасловен ЕП, преку бучни рифови и нежни вокали ќе ви го претстават ужасниот живот на анти-херојот ‘Ристо’“, соопштија од „Гола планина“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by korka (@korka.56)