Kоалицијата „Излези да гласаш” ќе ги набљудува парламентарните избори

Коалицијата „Излези да гласаш“ на претстојните предвремени парламентирани избори ќе се регистрира како официјален набљудувач на изборниот процес со цел да се обезбеди фер и демократски процес, во кој како што велат, секој граѓанин ќе може да го истакне своето демократско право на глас.

„Излези да гласаш“ е коалиција составени од околу стотина невладини организации, а предводена од невладината организација Синергија која е активна повеќе од 14 години. На официјалната веб страна на Синергија во текот на идната недела ќе биде објавен повик за волонтери набљудувачи, кој ќе биде проследен до медиумите и јавноста за и овие избори, како и сите претходни, да имаме успешен и сеопфатен мониторинг во избирачките места, рече Марија Блажевска од коалицијата.

На истата веб-страница, се наведени и сите контакти за дополнителни информации и прашања. Таа посочи дека за нивните активности ќе бидат информирани демократските претставништва и дипломатскиот кор, како и секој активен набљудувач на изборниот процес.

„Ќе функционираме на крајно транспарентен начин, а набрзо ќе биде промовирана и наменската канцеларија за изборите на Коалицијата „Излези да гласаш“, каде што ќе има двонасочна комуникација со граѓаните. Очекуваме фер и демократски предизборен процес“, рече Блажевска.