Книжевна вечер со поетот Јоргос Јанопулос

Грчкиот поет, раскажувач, есеист, преведувач, уредник и издавач Јоргос Јанопулос во петок (23 јуни) ќе одржи книжевна вечер во Францускиот институт во Скопје, со почеток во 19 часот.

Јанопулос е во Атина. Живеел, студирал (романска книжевност) и работел во САД (Њујорк) и во Европа (Париз, Амстердам, Брисел).

Во 1995 во Солун ја основал ревијата за култура „Енекен“, која ја води со денес, во соработка со значајни интелектуалци и мислители. Од 2005 година ја раководи и издавачката куќа ЕНЕКЕН.

Неговите песни, текстови и есеи се преведени на повеќе јазици. Неговиот превод на американскиот поет Ричард М. Берлин е награден како најдобар превод во 2016 година. Јоргос Јанопулос има објавено три збирки поезија: „Патеки“ (2000), „Летото на смртните“ (2010) и „Реч за смртта и за љубовта“ (2016), како и романот „Црната книга“ (2003). Јоргос Јанопулос активно учествува во културниот живот на својата земја.