Книжевна вечер посветена на италијанскиот писател Луиџи Пирандело

Книжевна вечер посветена на италијанскиот писател Луиџи Пирандело ќе се одржи вечерва, со почеток од 20 часот, во Младинскиот културен центар во Скопје.

За делото и значењето на овој италијански писател ќе говори проф. д-р. Анастасија Ѓурчинова, а ќе бидат презентирани и кратки филмови снимени по некои од неговите раскази.

Пирандело е еден од најзначајните писатели на 20 век. Автор е на повеќе раскази, романи и драми. Добитник е и на Нобеловата награда за книжевност во 1934 година. Влезот за настанот е слободен.