Книжевна работилница – анализа на „Книга за бамбусот“ на Владислав Бајац

Новата книжевна работилница на Културно – информативниот центар на Србите во Р. Македонија – СПОНА, прва во новата година, ќе му биде посветена на Владислав Бајац, поточно на неговиот роман со наслов „Книга за бамбусот“.

Во книжевниот центар Антолог, во скопската населба Дебар маало, вечерва со почеток во 19 часот, љубителите на пишаниот збор ќе имаат прилика да ја слушнат анализата на делото.

Модератор на овој настан ќе биде м-р Татјана Б. Ефтимоска, дипломиран професор по македонски јазик и јужнословенски јазици со македонска и јужнословенска книжевност.