Книжарница во Тајпеј стана атракција во градот и омилено место за ноќно излегување

Благодарение на тоа што им дозволи на луѓето да читаат без да треба да ги купат книгите, книжарницата „Dunnan“ на ланецот „Eslite“ во Тајпеј се претвори во вистинска туристичка атракција и омилена ноќна дестинација за локалните жители.

Најголемата гужва во книжарницатае помеѓу 22 и 2 часот по полноќ. Во тајпејскиот „Eslite“, најголемиот ланец на вакви објекти во Тајван, во текот на ноќта доаѓаат „бубалици“, хипстери, па дури и родители и деца. Поради гужвата, посетителите седат по ќошињата, на скалите, и читаат книги.

„Доаѓам овде три до четири пати неделно. Во саботите доаѓам напладне и останувам до 4 часот по полноќ“, вели Yao Hong, 31-годишна службеничка.

„ Сум излегувала и по барови, но не ми се допаѓааат. Јас сакам да читам. Овде можам да ги читам книгите што ги сакам и никој да не ми додева“, додава таа.

Она што ги привлекува посетителите не е само големата селекција книги, околу 250,000 само во книжарницата во Тајпеј, туку и можноста да ги читаат книгите без да се бара од нив да ги платат. Но, како компанијата која има 42 книжарници во Тајван и една во Хонг Конг успева да работи кога нејзините читатели ја користат како библиотека? Одговорот е едноставен, во состав на книжарницата Тајпеј има винарска визба, локал за чај, бутици, ликал за храна и кафуле.

Тајпеј како град нуди 24-часовна забава, од караоке барови, до конвенционални објекти како ресторани и барови. Но, ништо не се претвори во институција и обележје на градот како „Eslite“, јавува Гардијан.