Книги кои најмногу се цитираат, а ретко се читаат

Книги кои најмногу се цитираат, а ретко се читаатОрвеловата „1984“, Толстоевиот роман „Војна и мир“ и „Големите очекувања“ од Дикенс се само некои од класиците што често се цитираат, но многу ретко се читаат, покажува анкета спроведена во Велика Британија.

Неодамнешното истражување, чии резултати се објавени во британскиот весник „Гардијан“, покажа дека повеќе од 60 отсто од испитаниците излажале дека прочитале некое класично дело за да се направат паметни и образовани.

За да ги залажат своите соговорници, лажните читатели најчесто се потпираат на филмските екранизации на романите или на скратената содржина што ја нашле на Интернет.

На врвот на листата на најцитирани романи што ретко се читаат е „1984“ на Џорџ Орвел, а по неа следуваат „Војна и мир“ на Лав Толстој и „Големите очекувања“ на Чарлс Дикенс.

На четврто место е „Ловец во жито“ на Џером Дејвид Селинџер, а на петто „Пат за Индија“ на Е.М. Форстер.
Преостанатите пет места на списокот ги зазедоа романите „Господар на прстените“ на Џ.Р.Р. Толкин, „Како да се убие птицата што се потсмева“ на Харпер Ли, „Злосторство и казна“ на Фјодор Достоевски, „Гордост и предрасуди“ на Џејн Остин и „Џејн Ејр“ на Шарлот Бронте.

Хомеровата „Одисеја“ и Библијата не се најдоа на топ 10 листата, но исто така често се цитираат, а речиси никогаш не се читаат.

Извор: Нова Македонија