Книгата „Водич на мислителот за логички грешки“ достапна на интернет

Книгата „Водич на мислителот за логички грешки“ достапна на интернетКако дел од активностите за одбележување десетгодишнината од своето постоење, НВО Инфоцентар во соработка со Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ) организираше промоција на книгата „Водич на мислителот за логички грешки – уметноста на менталните итроштини и манипулацијата“, од авторите Ричард Пол и Линда Елдер.

Авторските права за книгата ги отстапи американската Фондација за критичко мислење, а  преводот на македонски јазик го направи Гордана Стошиќ. Публикацијата е испечатена во  тираж од 550 примероци, а печатењето финансиски го поддржа Фондацијата Отворено општество.

Книгата нема да се продава, туку, ќе се користи во едукативни цели, а ќе им биде достапна електронски и на сите заинтересирани граѓани и активисти.

Книгата може да се симне на следниот ЛИНК.