Книга на Толкин пуштена во продажба после 100 години

Нова книга од авторот на класиците „Господар на прстените“ и „Хобит“ е пуштена во продажба дури 100 години откако била напишана. „Берен и Лутиен“ е опишана ако „многу лична приказна“ која професорот на Оксфорд, Џ.Р.Р. Толкин, ја напишал откако се вратил од Битката на Сома.

Книгата е лекторирана од неговиот син Кристофер Толкин, а содржи верзии од приказна која треба да биде дел од антологијата „Силмарилион“.

Во неа има илустрации од Алан Ли, кој има добиено Оскар за својата работа во трилогијата на режисерот Питер Џексон.

Официјалната промоција е денес, четврток, на десеттата годишнина од последната објавена книга за Средна Земја, „Децата на Хурин“.

Џон Гарт, кој има специјализирано за делото на Толкин и автор на книгата „Толкин и Големата војна“, вели дека авторот го користел пишувањето како „егзорцизам“ за хоророт кој го посведочил во Првата светска војна.

„Има изгубено два од најдрагите пријатели во Битката на Сома, па можете да замислите дека одвнатре бил подеднакво уништен, како и физички“.

Имињата Берен и Лутиен, кои се и наслов на новата книга, се изрезбани на надгробните плочи на Толкин и неговата сопруга, на Волверкот гробиштата во Оксфорд.

Приказната е за смртен маж и бесмртна жена-елф, кои заедно се обидуваат да крадат од најмоќното битие, Мелкор. За новата книга, Кристофер Толкин, кој сега има 92 години, ја зачувал книгата на татка си во оригиналната форма во која била напишана.