Климатските промени предизвикани од човечки фактор започнале порано одошто се мислеше

Знаците за глобалното затоплување се појавиле уште околу 1830-та година, велат истражувачи, чија анализа ќе помогне да се постави линија на движењето на температурите пред влијанието на човечкиот фактор.

Континентите и океаните во северната хемисфера започнале да се загреваат за време на емисиите на стакленички гасови предизвикани од индустриската револуција, пред речиси 200 години. Со тоа, влијанието на луѓето во глобалното затоплување започнало уште во средината на 19-тиот век.

Првите знаци на затоплување од порастот на стакленичките гасови, кои се појавиле со Индустриската револуција, се појавиле уште во 1830 година, во тропските океани и Арктикот. Глобалното затоплување, според тоа, започнало пред 180 години.

Истражувачи во Австралија пронајдоа докази за раните знаци на затоплувањето, откако пребарале податоци од повеќе од 500 години на прстени на стеблата од дрвата, коралите и облогите со мраз, кои заедно формираат „природна архива“ на температурите од историјата на Земјата.

Разгледувајќи ги податоците, научниците откриле дека температурите во тропските океани и воздухот над северната хемисфера почнале да се креваат над природните варијации во 1830-тите, како што и стакленичките гасови продолжиле да се емитуваат се повеќе и повеќе.

Јужната хемисфера, вклучително Австралија, јужниот дел од Азија и Јужна Америка, почнале да се загреваат 50 години подоцна, а на Антарктикот не се најдени знаци на загревање. Недостатокот од значително загревање на Антарктикот може да се должи на тоа што океанските струи ги носат топлите води кон север и настрана од фригидниот континент.