Климатски промени – сушите ќе ги заменат летните бури во Европа

Летните бури во Европа станаа послаби и поретки во изминатите неколку децении, но ако овој тренд продолжи, се верува дека ќе доведе до поинтензивни топлотни бранови и суши, сметаат научниците.

Студија направена од истражувачи на Потсдам Институтот за влијанието на климата во Германија покажа врска помеѓу топењето на мразот на Антартикот предизвикано од климатските промени и како тенденцијата да се појави бура во летниот период во Европа може да биде помалку интензивна.

Тие веруваат дека тоа е поврзано со слабеењето на млазниот проток, односно проток на воздух на висока надморска височина од запад кон исток што прави летните бури да станат послаби и поретки, а топлотните бранови да станат посериозни како што е примерот со жешкото лето во Западна Русија во 2010 година кога имаше катастрофални последици за посевите и пожари.

„Кога големите воздушни струи над нас се нарушени од климатските промени, тоа може да предизвика тешки последици за земјата“, вели главниот автор на студијата, Дим Куму.

„Иако може да се очекува дека намалената активност на бурата може да биде нешто добро, изглегува дека ова намалување води кон поголемо опстојување на климатските системи во средните широчини на северната хемисфера“, објаснува Куму.

Голем број студии се фокусираат на зимските бури, кои имаат тенденција да бидат поштетни, но летните бури играат улога во спречување на појавата на долготраен топлотен бран што доведува до суша.

„Во текот на летото, бурите пренесуваат влажен и студен воздух од океаните на континентите олеснувајќи после периоди на неподнослива жештина. За разлика на тоа, во мирни периоди, ги прави топлите временски услови издржливи, што резултира со зголемена топлина и суша“, вели Куму.

„Од кој било агол да ги гледаме границите на топлината, во доказите наоѓаме поенти во истата насока. Границите на топлината не само што се зголемуваат бидејќи ја затоплуваме планетата, туку и поради тоа што климатските промени ги нарушуваат воздушните струи кои се важни за обликување на нашите временски услови“, додава тој.

„Намалувањето на варијабилноста ден за ден што ние ја набљудувавме го прави времето поистрајно што резултира со топлотни крајности на месечна временска скала. Така што, ризикот од високото влијание на топлотните бранови, најверојатно ќе се зголеми“, констатира Куму.

Извор: Independent