Климатски извештај: Ретките глечери во Африка наскоро ќе исчезнат

Ретки глечери во Африка ќе исчезнат во следните две децении поради климатските промени, стои како предупредување во нов извештај објавен за овој континент, кој најмалку придонесува за глобалното затоплување, но најмногу ќе страда од него, објави АП.

Извештајот на Светската метеоролошка организацијац (СМО) и други агенции, објавен пред конференцијата на ОН за климата во Шкотска, која започнува на 31 октомври, е мрачен потсетник дека 1,3 милијарди луѓе во Африка остануваат „исклучително ранливи“, бидејќи континентот се затоплува со побрза стапка од глобалниот просек. А сепак, 54-те земји во Африка се одговорни за помалку од 4% од глобалните емисии на стакленички гасови.

Новиот извештај упатува на намалените глечери на планината Килиманџаро, планината Кенија и планините Руензори во Уганда како симболи на брзите и распространети промени што доаѓаат. „Нивните сегашни стапки на намалување се повисоки од глобалниот просек. Ако ова продолжи, тоа ќе доведе до целосна деграцијација до 2040-ите години“, стои во извештајот.

Масовно раселување, глад и зголемени климатски шокови, како што се сушите и поплавите во иднина, но сепак „недостатокот на климатски податоци во делови од Африка има големо влијание врз предупредувањата за катастрофи за милиони луѓе“, рече генералниот секретар на СМО, Петери Талас.

Проценките за економските ефекти од климатските промени варираат низ африканскиот континент, но „во субсахарска Африка, климатските промени би можеле дополнително да го намалат бруто домашниот производ до 3% до 2050 година“, пишува во извештајот. „Не само што физичките состојби се влошуваат, туку и бројот на погодените луѓе се зголемува“.

До 2030 година, до 118 милиони екстремно сиромашни луѓе, или оние кои живеат со помалку од 1,90 долари дневно, „ќе бидат изложени на суша, поплави и екстремни горештини во Африка, доколку не се преземат соодветни мерки за одговор“, стои во извештајот.