„Ќе ти шепнам“ – Конкурс за краток авторски текст

Театарот „Сенки и облаци”, “Астални Проекции” и „MTV Staying Alive Foundation” објавуваат конкурс за краток авторски текст насловен „Ќе ти шепнам“.

Текстот треба да содржи дел од следните зборчиња: љубов, дома, подарок, здравје, небо, сенки, балон, порака, интернет, книга, зрнце, штикла, самовила, пајак, партнер, кондом, секс, спојувалка, внимание, гласини, пријател.

Повикот е наменет за секој креативен и инспиративен ум, без разлика на возраст, пол, националност, образование, професија.

Краткиот текст треба да:
– Охрабрува и ги поттикнува младите на одговорно сексуално однесување, емотивна стабилност и информирано носење на одлуки
– Цели кон грижата од млади за млади (или сите оние кои се чувствуваат така) во однос на културно, интелектуално и хумано разбирање и ставови
– Не осудува и не дискриминира, не пренесува негативни пораки
– Да содржи барем 5 од горенаведените зборчиња
– И едноставно да биде интересен :)

Технички спецификации за текстот:
– Текстот е пожелно да претставува краток расказ, но не е исклучена и поезија, како и друга кратка текстуална форма
– Да биде напишан на македонски јазик
– Текстот не треба да биде подолг од 500 зборови во Word документ со фонт 12
– Треба да биде испратен на меил info@prikaznivosenka.mk
– Покрај наслов и самиот текст, наведете и кратка биографија за авторот, како и контакт телефон
– Секој заинтересиран може да испрати неограничен број на текстови

Повеќе информации за конкурсот може да се најдат на следниот линк.