Ќе соработуваат УКИМ и училиштата НОВА

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје  и меѓународните училишта НОВА денеска ќе потпишат Меморандум за соработка.

Со потпишувањето на овој Меморандум се предвидува да започне соработката преку организација на настава по кинески јазик во училиштето НОВА, а со тоа кинескиот јазик ќе се придружи на францускиот, италијанскиот, германскиот и шпанскиот, кои моментно се изучуваат како странски јазици во училиштето.

Наставата за современ кинески јазик и култура на почетокот ќе ја следат 14 ученици.

Со отворањето на првата средношколска училница по кинески јазик, Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, пак, го започнува проектот за популаризација на кинескиот јазик и култура во Република Македонија.

По потпишувањето ќе се одржи и демо час по кинески јазик.