Ќе се снима ТВ-серија базирана на култниот филмски серијал „Смртоносно оружје“

Телевизиската мрежа Фокс нарача пилот-епизода од ТВ-серија заснована на култниот филмски серијал во четири дела „Смртоносно оружје“. Филмовите, снимени од 1987 до 1998 година и режирани од Richard Donner, беа комерцијални хитови, кои ги зацврстија кариерите на Mel Gibson и Danny Glover, во улогите на симпатичен полициски пар. Заедно, сите четири филма „Смртоносно оружје“ заработиле преку една милијарда долари.

Истите ликови на полицајците Roger Murtaugh и Martin Riggs сега ќе бидат главни и во телевизиската серија, чија премиера се очекува следната година. Засега нема информаии за тоа кои актери ќе ги глумат двајцата полицајци, а се знае дека ќе има мали промени во наративот и во потеклото на ликовите.

Со растот на  популарноста на форматот на телевизиските серии во изминатите години, своевиден тренд стана и користењето на популарни филмови како основа за сериите. „12 Monkeys“, „Limitless“, „Minority Report“ и „Fargo“ се дел од филмовите чии приказни послужија како инспирација за нивни телевизиски верзии.