Ќе се снима продолжение на „2001: вселенска одисеја“, во режија на Ridley Scott

Одлична вест за фановите на научната фантастика доаѓа од САД: прославениот режисер Ridley Scott (Alien, Blade Runner) ќе снима продолжение од легендарниот филм на Stanley Kubrick, „2001: Вселенска одисеја“ од 1968.

 

Продолжението ќе биде во форма на мини-серија наречена „3001: Конечна одисеја“, заснована на истоименото дело на оригиналниот автoр Arthur C. Clarke, а режисерот Scott  ќе биде и извршен продуцент. Серијата ќе биде промовирана следната година.

Според информациите, „3001“ ќе биде адаптирана за екраните од страна на сценаристот на „Пиратите од Карибите“, Stuart Beattie. Во серијата, главен лик повторно ќе биде астронаутот Frank Poole, кој, откако бива исфрлен во длабоката вселена од компјутерот HALL 9000, се буди 1000 години во иднината.

Режисерот Scott вели дека е возбуден од проектот:

„Отсекогаш сум бил фан на извонредниот серијал на Arthur Clarke и од адаптацијата на Kubrick. Пресреќен сум што ќе бидам дел од пренесувањето на ова наследство на публиката и од продолжувањето на големата кинематографска традиција која оваа приказна и нејзините автори ја заслужуваат,“ вели Scott.

Извор