Ќе се развива Национален индекс за родова еднаквост

Министерството за труд и социјална политика МТСП во соработка со Државниот завод за статистика на Република Македонија и Европскиот институт за родова еднаквост од Вилнус, Литванија, ќе развива на Национален индекс за родова еднаквост.

Индексот за родова еднаквост претставува единствен сложен индикатор којшто ја одразува многустраната реалност на родовата еднаквост.

„Со пресметката на Индексот на родовата еднаквост за Република Македонија би добиле клучен индикатор за мерење на родовата еднаквост. Исто така, со овој индикатор би правеле споредба со ЕУ и со нејзините земји членки по однос на родовата еднаквост, имајќи предвид дека европските лидери го насочуваат фокусот кон оваа проблематика и преземаат мерки, воведувајќи нови законски одредби за да ја намалат нееднаквоста“, посочуваат од МТСП.