Ќе се отвора Центар за млади во Гостивар

Општина Гостивар во соработка со невладината организација Демокраси Лаб (Democracy Lab) наесен ќе отворат Центар за млади во кој младите гостиварци ќе добиваат помош за нивниот развој на личен и професионален план.

Центарот има за цел продлабочување на соработката и довербата помеѓу различните заедници што живеат во Гостивар, отстранување на предрасудите и да промовирање на мултиетничноста. За таа цел, денеска меморандум за соработка потпишаа градоначалникот Арбен Таравари и Сефер Селими директор на Демокраси Леб.

„Првично, овој Центар ќе биде кофинансиран од страна на Демокраси лаб и Општина Гостивар, а после неколку години ќе продолжи да се финансира само од Општина Гостивар”, рече Таравари.

Сефер Селими, извршен директор на Демокраси лаб објасни дека во рамките на Центарот ќе бидат иницирани програми, обуки и разни курсеви за создавање на нова генерација активни граѓани кои ќе можат да ги препознаваат своите права и одговорности како граѓани.

Седиштето на Центарот за младински активности ќе биде на улицата која води кон гостиварската општа болница.