Ќе се одбележува 75-годишнина од антифашистичките демонстрации во Скопје

Главниот одбор на Сојузот на Борците на Македонија, заедно со организациите Плоштад Слобода и “Мугра” оваа сабота (26 март) ќе ја одбележат 75-годишнината од антифашистичките демонстрации во Скопје.

„Средношколците и студентите беа предводници на масовните антифашистички демонстрации во Скопје и другите градови низ Македонија кон крајот на март 1941. По тој повод, три генерации антифашисти ќе говорат за важноста на овие настани за нашата историја.

На настанот ќе има и културно-уметничка програма, а присутните ќе имаат можност да ги запознаат и живите учесници во мартовските демонстрации од 1941 година“, велат организаторите.