„Ќе дојдеш ли на Рандеву?“, во Скопје

„Ќе дојдеш ли на Рандеву“ е настан кој на 29 септември ќе се одржи во клуб-ресторанот МКЦ, а може да учествуваат сите граѓани кои сакаат да се дружат и да запознаат нови луѓе. Сите собрани средства ќе бидат наменети за децата од улица кои одат во Дневниот Центар за Деца од улиците на Шутка.

„Ќе дојдеш ли на Рандеву“ е обид на забавен и необичен начин да се запознаат нови луѓе, како и да се „донира“ слободното време за добри цели.

„Годините не се граница ниту пак има некакви ограничувања колку пријатели можеш да донесеш со себе. Исто така нема ограничувања ниту колку нови лица можеш да запознаеш. Едноставно со себе понеси ја твојата насмевка, добро расположение и желбата за нови интересни познанства“, се вели во поканата за настанот.