„Ќе дојдеш ли на Рандеву?“ по вторпат во МКЦ

„Ќе дојдеш ли на Рандеву“ е настан кој ќе се одржи во клуб-ресторанот МКЦ на 12 ноември, а на кој може да присуствуваат сите граѓани кои сакаат да се дружат и да запознаат нови луѓе. Собраните средства ќе бидат наменети за децата од улица кои одат во Дневниот Центар за Деца од улиците на Шутка.

Освен дружба и собирање донации, присутните ќе имаат можност да ја проследат изложбата на дела од Моника Ризовска.

– „Ќе дојдеш ли на Рандеву“ едноставно е начин да запознаеш нови луѓе на забавен и необичен начин „Ќе дојдеш ли на Рандеву“ исто така е начин да го донираш твоето време за добри цели со пијачка, разговор со луѓе кои што најверојатно веќе ги познаваш (да, сè уште сме во Скопје), но исто така да се соочиш со предизвикот да запознаеш некој нов и да бидеш подготвен за нови авантури.

Годините не се граница ниту пак има некакви ограничувања колку пријатели можеш да донесеш со себе. Исто така нема ограничувања ниту колку нови лица можеш да запознаеш. Едноставно со себе понеси ја твојата насмевка, добро расположение и желбата за нови интересни познанства“, се наведува во поканата за настанот.

Настанот почнува во 21:00 часот.