Кирил Пржо од веб-платформата „ДОМА“ е говорник на ENGAGE 2020

Кирил Пржо Арсовски е еколог и професор по биологија, а воедно е и главен уредник на едукативната веб платформа ДОМА (doma.edu.mk) на Институтот за комуникациски студии. Тој е продуцент и автор на серијалот еколошки едукативни документарни филмови „Дома“.

Поле на негов интерес и истражување е комуникација на науката, екологијата и заштитата на животната средина. Пишува анализи за национални и регионални еколошки проблеми и често држи јавни предавања од областа на заштита на животната средина.

Кирил е дел од говорниците на ENGAGE 2020, која ќе се одржи на 22-ри февруари со почеток во 12:00 часот во МКЦ, Скопје. Toj ќе зборува на темата „Каде има чад, таму има климатски промени“ – шумските пожари и животната средина.

Инаку, деветтото издание на Конференција за социјален активизам ENGAGE 2020 ќе вклучи домашни и странски активисти-говорници на разни теми како дигитална демократија, животна средина, иднината на образованието и медиумите, како и правата на ЛГБТИ заедницата и граѓанската ангажираност.

Листата на говорници сѐ уште не е затворена. Во меѓувреме, регистрацијата за настанот е отворена, а можност за учество ќе имаат првите 300 пријавени учесници за конференцијата.

За да ја проследите конференцијата, може да се регистрирате тука.

Конференцијата е поддржана од National Endowment for Democracy, а е организирана од Младински образовен форум и Радио МОФ.