[Кино.zip – Велес] Филмови има, кино нема!

Денoвиве во Велес на старата инфо-табла на киното „11-ти Октомври“ беше истакнат плакат на којшто пишува: „Филмови има, кино нема!“ и најава за проекција на документарни филмови. За што точно се работи?

[Кино.zip - Велес] Филмови има, кино нема!

Филмови има, кино нема! Токму затоа Медиа/Арт клубот од Велес и Младински Образовен Форум ве покануваат на еднодневна проекција на документарни филмови.

Кино.zip e целодневен настан наменет за средношколци, студенти и сите заинтересирани за филмската уметност. Во соработка со Make Dox ќе може да проследите проекција на неколку документарни филмови и креативна работилница за истите.

Мотивација за креирање на овој настан членовите од медиа/aрт клубот добија од повеќегодишната ситуација со киното и исчезнувањето на филмската култура кај граѓаните.

Целта на настанот е да се поттикне враќањето на кино-културата во градот и младите да се мотивираат да ја практикуваат истата.

Првата проекција ќе започне во 14 часот, а останатите ќе се одржат се до 18 часот. Дојдете во понеделник во велешкиот театар „Ј.Х.К Џинот“ и потсетете се како е да се има кино во градот.

Влез: бесплатен

Сите новости и информации поврзани со настанот проследете ги на следниот линк.