Kino.unzip – проекција на филм на плоштадот во Велес

Членовите на Медиа aрт клубот на Младински образовен форум од Велес организираат кино проекција за своите сограѓани. Проекцијата на филмот е закажана за вечерва, со почеток во 19 часот, на плоштадот С’рмаале.

Медиа арт клубот Велес е место за млади луѓе кои сакаат креативно да ги изразат своите ставови и идеи. Младите членови добиваат можност да научат како да снимаат видеа и аудио прилози, да создадат фото приказна, да научат за перформативна и урбана уметност.

Предавањата во Медиа арт клубот ги држат млади луѓе со искуство во ова поле на дејствување. Во моментов постојат четири клубови во Р.Македонија и тоа во Скопје, Тетово, Велес, Неготино и Струга и сите активно работат на создавање креативни и интересни содржини на општествено релевантни теми кои се од интерес на самите членови.