[Кино Милениум] Стигнаа „Нинџа Желките“ во 3Д

[Кино Милениум] Стигнаа „Нинџа Желките“ во 3ДУлтра популарната анимирана ТВ серија и долгометражен филм од крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите години од минатиот век, повторно оживува на големото платно. Овој пат, некои нови генерации деца и младинци ќе се запознаат со карактерите именувани по славните италијански уметници од минатите векови.

„Пријателите од канализацијата“ повторно се во обид да го спасат градот Њу Јорк, од мрачните сили кои навлегле во сите сфери на политичкото живеење и полициското функционирање на институциите во „Големото јаболко“.

Главен опонент на мутираните Нинџа Желки и овој пат е неприкосновениот негативец во приказната Шредер, кој е лидер на Кланот кој предизвикува зло и страв низ улиците. Главен пак сојузник е прекрасната новинарка Ејприл О’Нил, која постојано соработува со Нинџа Желките во нивната борба за воспоставување ред и надвладување на доброто над злото.

Филмот е продуциран од Michael Bay, кој во својата кариера продуцентски или режисерски застана зад проекти како Transformers, Bad Boys, Armageddon, The Rock…, режијата е на Jonathan Liebesman (Wrath of the Titans, Battle Los Angeles…), а главните улоги ги толкуваат Megan Fox, Will Arnett, William Fichtner, Johnny Knoxville, Whoopi Goldberg.

Филмот „Нинџа Желки“ публиката ќе има можност да го погледне во кино Милениум од 28.08(четврток), секој ден во терминот од 20.00 часот.