[Кино Милениум] Премиера на светскиот хит „Планета на мајмуните- револуција“

Од четврток, 17 јули на репертоарот на кино Милениум премиерно ќе се најде светскиот хит „Планета на мајмуните- револуција“. Овој филм ќе биде на редовниот репертоар на кино Милениум во терминот од 20 часот.

[Кино Милениум] Премиера на светскиот хит „Планета на мајмуните- револуција“

Без оглед на тоа што имаат различни мислења за филмот како целина, мнозинството филмски критичари се согласуваат за една работа поврзана со филмот „Планетата на мајмуните – Револуција“ – актерот Енди Серкис кој го толкува Цезар, интелигентното шимпанзо, го претставува срцето на филмот.  Серкис го игра Цезар, шимпанзо кое го минало детството во заробеништво, а сега води група од неколку илјади генетски модификувани примати во брдата северно од Сан Франциско. Очите на Цезар (Серкис) ја отсликуваат дилемата која ја има водачот на приматите, откако ќе стапи во контакт со групата луѓе која преживеала катастрофален вирус и сега се заканува да ги загрози.
филм

Во борбата во која се спротивставени луѓето и мајмуните главните улоги, освен Енди Серкис, ги играат Гери Олдман, Џејсон Кларк, Џуди Грир. Неодамна во Сан Франциско се одржа премиерата на филмот “Планета на мајмуните – Револуција“ на која присуствуваше целата екипа на филмот.