Кино „Милениум: Eкипата на „Врба“ вечерва ќе има средба со публиката

За само 20 денови, филмот „Врба“ го гледаа околу 20.000 гледачи во „Синеплекс“, „Милениум“ и низ градовите во земјава. Проекциите низ повеќе градови на Македонија, меѓу кои Крива Паланка, Свети Николе, Богданци, Крушево, Гевгелија, Виница, Радовиш, Македонска Каменица беа распродадени.

Приходот од проекцијата во Делчево на 3. декември ќе биде дониран во Дневниот центар за лицата со посебни потреби.

По гала премиерата во „Рим“, „Врба“ имаше проекција на фестивалот во Тајпеј, каде што режисер во фокус беше Милчо Манчевски, кој одржа и мастерклас.
Вечерва скопската публика ќе има ретка можност одблизу да поразговара со филмската екипа и да постави прашања врзани со филмот.

Веднаш по завршувањето на редовната проекција на „Врба“ од 20 часот во киното Милениум, гледачите ќе присуствуваат на сесија прашања и одговори со главните актерки и актери во филмот.