Кино и музика под отворено небо во дворот на Куршумли ан

По повод одбележувањето на 30 годишнината од независноста на државата, компанијата за организација на настани KLS EVENTS  во претстојниот викенд од 6 до 8 август организира тридневен настан „Кино ан“ – филм и музика под отворено небо во дворот на Куршумли ан.

На голем екран ќе бидат прикажани култни македонски филмови кои ги обележаа годините на независноста, а веднаш после проекцијата следува концертен настап на домашни музички групи.

Па така, на 6 август ќе се прикажува филмот „Балканкан“ на Дарко Митревски, по што ќе следува концерт на „Стринг форсис“. Резервација на влезници за овој настан може да се направи на: www.weezevent.com/-4330

Следниот ден, на 7 август, ќе се прикажува „Панкот не е мртов“ на Владимир Блажевски, а вечерта ќе заврши со настап на Бени и Нон-стоп. Резервација на влезници за овој настан може да се направи на:www.weezevent.com/3-8

За последната вечер од овој тридневен настан, на 8 август, ќе се прикажува „Џипси меџик“ на Столе Попов, а истата вечер ќе настапи „Чалгија саунд систем“. Резервација на влезници за овој настан може да се направи на: www.weezevent.com/-4377

Проекциите ќе започнуваат во 20:30 часот, а концертите во 22:30 часот.

„Влезот е бесплатен, но заради запазување на протоколите и бројот на присутни, потребна е резервација на билетите на дадените линкови. Бројот на присутни е ограничен, поради почитување на тековните ковид-протоколи“, соопштуваат организаторите.

Настанот „Кино-Ан“  e  дел од проектот „Мултимедијален фестивал – Блесок“ , а целиот проект е подржан од Генералниот секретаријат на Владата.