Кинетичка скулптура од Сизиф направена од Lego

Jason Alleman од JK Brickworks ја дизајнираше „вечно подвижната“ кинетичка скулптура на која е прикажан грчкиот мит за Сизиф, кој бил проколнат да тркала огромен тркалезен камен на угорница цела вечност.

Во видеото подолу тој објаснува како уредот работи до детаљ. Оние кои се занимаваат со инженерство или имаат хоби да склопуваат Lego коцки, можат од интернет да преземат упатство и листа на делови за скулптурата од неговата веб страница.

Извор: Colossal