Кинеските власти го срушија студиото на уметникот Веивеи

Екипите за демолирање со багери го срушија студиото на Аи Веивеи (Ai Weiwei, 1957) во Пекинг без претходна најава.

Три години откако во 2015 година шеесетгодишниот уметник и остар критичар на власта принудно ја напушти Кина и замина да живее во Берлин. Според кинеските власти, истекол неговиот договор за изнајмување.

Веивеи на својот Инстаграм профил ја извести јавноста дека неговото студио е насилно уништувано со кратко „Збогум“.