Кинескиот поет Беи Дао е добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата

Кинескиот поет Беи Дао е лауреат на наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2015 година. Оваа одлуката денеска во МАНУ ја соопшти Славе Ѓорго Димоски, претседателот на Управниот одбор на Струшките вечери.

Неговата потрага по сопствен поетски израз, посочи Димоски, е во корените на традционалната кинеска поезија, модернистичката поезија и влијанијата на западната литература, искуства кои ги стекнал живеејќи и творејќи подолго време во неколку европски држави и САД.

– Напорот да се открие природата сама по себе, да се препознаат колективните и лични рани, да се верува во инстинктивните перцепции се основните карактеристики на поезијата на Беи Дао, а централни теми во овој импресивен поетски плод се притисоците на конформистичкото општество, песимизмот, разочарувањето и чувството дека е без корен, додаде Димоски.