Кинески уметник собирал смог со правосмукалка и од него направил цигла

Населението во Пекинг е принудено да не излегува поради огромното загадување на воздухот. Ова го поттикнало 34-годишниот уметник Nut Brother од Шенжен да се изложува 100 дена во годината по неколку часа на загадениот воздух и со правосмукалка да го собира смогот.

Тој не се надева дека со ова ќе го подобри квалитетот на воздух, туку ќе и посочи на јавноста колку она што се дише е штетно, претворајќи го во цигла.

Акцијата ја започна во јули, а ја завршил на крајот од ноември, кога прашината што ја собрал ја помешал со глина и ја однел во фабрика за цигли за да добие полуготова цигла, додека целосниот производ ќе го добие за неколку дена.

„Воздухот во Пекинг е лош насекаде. Нема посебен извор на воздух“, вели Brother.

Идејата за оваа акција ја добил во 2013 година кога го напуштил градот, откако загадувањето било над сите стандарди, низ цела Кина. Преку неговиот уметнички перформанс, тој сака луѓето повеќе да размислуваат за заштита на животната средина и подобро да ја сфатат поврзаноста помеѓу човекот и природата.