Колку се поголеми градите, толку е поголем попустот – вака гласи контроверзна промоција на ресторан во провинцијата Жеџијанг, Кина, која беше понудена овој месец. Ресторанот, наречен „Тренди шримпс”, предизвика лавина реакции поради провокативното намалувања на цените, кое беше наречено „дискриминаторско” и „вулгарно”.
Ресторанот, кој се наоѓа во градскиот трговски центар, го објави необичниот попуст во еден постер ставен надвор од ресторанот на 31 јули.
„Целиот град бара гради”, се вели на плакатот надополнет со фотографии на анимирани женски ликови со различна големина на градите и табела која покажува колку се намалува цената во однос на големината на градите.
Според постерот, жените од сите големини на градници ќе добијат некаков попуст во ресторанот – иако процентот варира значително. Жените што носат најмали градници ќе добијат попуст од 5 проценти, додека жените со најголеми гради ќе добијат попуст од 65 проценти.
„Постерот беше отстранет во рок од неколку денови по јавната реакција“, изјави Лан Шенганг, генерален менаџер на ресторанот.
Лан, сепак, ја бранеше понудата, инсистирајќи на тоа дека клиентите позитивно одговориле на неа.
„Откако започна промоцијата, бројот на купувачи се зголеми за околу 20 отсто”, рече тој.
„Некои од девојките што ги сретнавме беа многу горди – немаа што да кријат”, додаде тој.