Кинески професор исчезна откако полиција го прекина неговото интервју за „Гласот на Америка“

Кинескиот професот по физика во пензија Сун Венгуанг, кој е познат по критиките кон властите, веќе два дена е исчезнат, откако полицијата го прекина неговото интервју за радиото „Гласот на Америка“.

84-годишниот Сун го давал интервјуто во средата вечерта по локално време, кога во неговиот дом во градот Џинан упаднале шестмина полицајци, кои го прекинале разговорот.

Од „Гласот на Америка“ информираат дека се уште не успеале да стапат во контакт со Сун по интервјуто. Според радиото, тој најверојатно е приведен.

Сун е познат по неговото учество во протестите против државата која финансира проекти во странство, тврдејќи дека додека Кина инвестира во други држави, многу Кинези живеат во сиромаштија.

Протестот првенство се однесуваше против проектот „Еден појас, еден пат“, за кој Пекинг планира да потроши неколку милијарди долари за изградба на сообраќајна инфраструктура преку која Кина би се поврзала со Азија, Европа и Африка.