Кинески гејмери освоија рекордни 5 милиони долари на турнирот DotA 2 International

Кинескиот тим Newbee е победник на турнирот DotA 2 International  и добитник на рекордната награда кога е во прашање е-спортот – околу 5 милиони американски долари. Во финалето Newbee се сретна со уште еден кинески тим, ViCi Gaming, од кој беше подобар за три победи.

Кинески гејмери освоија рекордни 5 милиони долари на турнирот DotA 2 International

Тимот на ViCi и покрај поразот во финалето има причина за задоволство – за освоеното второ место добиваат 1.5 милиони долари. Aмериканскиот тим Evil Geniuses заврши на третото место, кое носи награда од милион долари.

Рекордниот награден фонд е резултат на огромниот интерес за ткн. Compendium, кој покрај виртуелна влезница вклучуваше и предмети за во играта, а дел од средствата од неговата продажба се инвестираа во наградниот фонд.

Финалето, покрај рекордниот награден фонд ќе биде запаметено и како прв ваков настан од е-спортовите кој во живо го пренесуваше спортскиот канал ESPN. Големата популарност на турнирите како DotA 2 и League of Legends придонесува за поголем број на телевизиски преноси и за афирмација на е-спортот.

Извор: It.com.mk