Кина за прв пат лансираше ровер, треба да пристигне на Марс следната година

Кина вчера ја започна својата прва мисија со ровер што го испрати на Марс за да ја истражи геологијата на таа планета.

Роботот со шест тркала беше лансиран од вселенската станица Венчанг и тој треба да стигне до орбитата на Марс во февруари следната година.

Роверот нема да слета на површината на Марс откако ќе пристигне уште два до три месеци, што ќе им овозможи на инженерите да ги проценат атмосферските услови на Марс пред да започнат со спуштање.

Роверот ќе слета северно од екваторот на Марс, а неговата задача е да ја проучи геологијата на тој дел од планетата на и под површината.

Кинескиот ровер тежи околу 240 килограми и се напојува со колабилни соларни панели.

Има камери за снимање и помагала за навигација – пет дополнителни инструменти ќе помогнат да се процени составот на карпите.

Ова е една од трите мисии на Марс, меѓусебно оддалечени 11 дена. Обединетите Арапски Емирати го лансираа својот сателит пред три дена, а за една недела, НАСА ќе го испрати својот ровер на Марс.