Кина претстави супербрз воз кој оди 620 километри на час

Кина претстави прототип на супербрз воз, за кој неговите дизајнери тврдат дека може да достигне брзина од 620 километри на час.

Овој воз е двојно побрз од возот Јуростар и при таа брзина од Лондон до Париз би се стигнувало за 47 минути, доколку би се возело со максималната брзина/

Кинеското „сообраќајно чудо“ е прво од овој вид во светот, и е од исклучиво домашно производство, а правењето на прототипот долг 21 метар чинело речиси 7,5 милиони евра.