Кина нареди да престанат шегите за севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун

На фотошопираните слики што го исмејуваат севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун и ги полнеа социјалните мрежи изминативе неколку години, им дојде крај, пишуваат светските медиуми.

Ако минатата година, на Baidu – најпознатиот пребарувач во Кина, можело да се најдат 15,7 милиони резултати за „Дебелиот Ким Трети“, денеска се прикажуваат помалку од 12 000 резултати со предупредување „Во согласност со одредени закони, регулации и политики, дел од резултатите не се прикажани“.

Weibo пак, кинеската верзија на Twitter не покажува ниту една навредлива содржина.

Ова најверојатно се должи на неодамнешна средба помеѓу кинески и севернокорејски дипломати во Пјонгјанг, по што започна кампања за подобрување на јавниот имиџ на Северна Кореја. Официјалната посета всушност имала за цел да се поправат дипломатските односи на Кина со Северна Кореја.

via GIPHY

Ким ја презеде власта од својот татко во 2012 година. На почетокот од неговото владеење, на кинеските власти не им пречеше јавната критика. Едно од попознатите видео клипови кое за неколку секунди доби илјадници прегледи го прикажуваше Ким како заедно танцува со Осама Бин Ладен и Барак Обама, како се бори во ринг со јапонскиот премиер и како јава прасе.

Кина и Северна Кореја ги заладија односите за време на корејската војна во 50-тите, кратко по поделбата на Северна и Јужна. Но, откако на власт дојде Ким, билатералните односи на двете држави се влошија.

Кина се соочува со потешкотии во подобрување на мислењето за Северна Кореја во јавноста, со оглед на тоа дека луѓето се потсетуваат како би изгледала Кина доколку на власт се уште беше Мао Це Тунг, пишуваат кинеските медиуми.