Кина ќе гради национален парк од 14600 квадратни километри за да го спаси сибирскиот тигар

Кина планира да изгради нов национален парк, за да спаси два загрозени видови – сибирскиот тигар и амурскиот леопард.

Овој нов парк ќе биде сместен во североисточна Кина, во провинциите Џилин и Хеилонгџианг, на границата со Русија и Северна Кореја. Ќе опфати 14600 квадратни километри, со што ќе биде 60 проценти поголем од Јелоустоун во САД. Според националната агенција Џинхуа, „разбирлив план и датум на отворање на паркот се очекува да се спроведат пред 2020“.

Во 1998 година, само шест до девет диви сибирски тигри се проценуваше дека живеат во оваа област. Бројот порасна на 27 до 2015 година, откако беше воведена забрана за сеча на дрвја и други обиди за конзервација на нивната природна средина. Сепак, моменталниот резерват кој овие тигри го населуваат не е доволен за тигрите да можат да се размножуваат во слобода. Во просек 400 други се смета дека живеат во Русија.

Во меѓувреме, глобалното население на амурските леопарди беше помалку од 30 во 2007, претежно поради ловењето и другите човечки активности. Овој број речиси се зголеми двојно до 2015, благодарение на работата на групите за зачувување на средината, како Светскиот фонд за дивина (WWF). Но, се уште треба да се работи за да бидат спасени.

Кина моментално има, според Science Magazine, има „комбинација од национални резервати, полузаштитени шуми и провинцијални паркови“. Затоа, во 2013 година, почнаа да градат целосно заштитени национални паркови за да заштитат неколку видови. Меѓу нив се двата претходно споменати, како и џиновските панди, тибетанската антилопа и азискиот слон.

Националниот пар за џиновски панди исто така беше неодамна одобрен, а за него ќе бидат преселени 170000 луѓе од југозападната кинеска провинција Сичуан. Паркот ќе се протега на 27000 квадратни километри.

И двата паркови се мали во споредба со најголемиот национален парк во светот – Североисточен Гренланд, кој е област од 972000 квадратни километри. Но, ќе бидат клучни за Кина да го спаси својот див животински свет.