Кина го забрани Денот на шегата

Во Кина од денес официјално е забрането празнувањето на 1 април, Денот на шегата.

Старата традиција на мамење и шеги на првиот ден од месец април нема веќе да се практикува во Кина. Како и демократијата и слободата на говор, пишува The Washington Post, тоа е западен концепт кој не е добредојден таму.

„Денот на шегата не е во склад со нашата културна традиција, ниту пак со социјалистичките вредности“, објави денес државната новинска агенција Шинхуа. „Се надеваме дека никој не верува во гласини, создава гласини или ги шири“.

Како дел од долгогодишниот напор да се здобие со контрола над наративот на социјалните медиуми, кинеската Комунистичка партија пред три години лансираше кампања да се криминализира ширењето на гласини. Објавата на Шинхуа сугерира дека шега која ќе ја исмева или поткопува партијата ќе сноси потенцијално сериозни последици.

Но, корисниците на социјалните медиуми ја прокоментирале смешната страна.

„Секој ден е Ден на шегата“, напишај еден корисник.

„Ова е шега на Шинхуа, не гледате ли?“, искоментирал друг.

Дека апаратот за пропаганда на Кина има проблем со сатирата е одамна познато. Во 2012 година, Народниот весник на Кина поверува во сатирична вест на Onion дека лидерот на Кореја, Ким Џонг-ун, е изгласан за најсекси маж на светот.