Кина го отвора најдолгиот морски мост во светот, но само за возачи со специјална дозвола  

Најдолгиот морски мост на светот е подготвен за отворање. Тој ќе ги поврзува Хонг Конг и Макао со кинеското копно, како дел од поширок план за интегрирање на посебните административни региони во Кина. Кинескиот проект е една од најкритикуваните иницијативи во Хонг Конг, каде мостот е окарактеризиран како уште еден начин за Пекинг да ја зголеми контролата, објавува Гардијан.

Moстот што чини 20 билиони долари официјално се отвора на церемонија во вторник, каде е најавено прсуство и на кинескиот претседател, Шји Џинпинг.

Долг е 55 километри, а ќе ги поврзе Хонг Конг и Макао со 11 кинески градови, со цел да се формира високотехнолошки регион.

Според најавите, овој регион треба да и’ парира на Силиконската долина.

„Мостот не е само мегасообраќајна инфраструктура заеднички изградена од Гвангдонг, Хонг Конг и Макао. На овој начин ќе се засили и нивната соработка на полето на размена, финансии, логистика и туризам“, рече во петокот министерот за транспорт на Хонг Конг, Френк Чан Фан.

Сепак, приватните возила ќе можат да го користат откако ќе аплицираат за специјална дозвола. Премостувањето главно ќе биде дозволено за посебни автобуски линии вон градскиот транспорт и за товарни возила.

Оваа иницијава наиде на критики во Хонг Конг, чии жители сметаат дека е „слаба употреба на даночните обврзници“. Се појавија и обвинувања дека контрукцијата е опасна за намалување на бројот на кинеските бели делфини.

Инаку, мостот преку морето се градење од 2009 година. Градежниците тврдат дека е отпорен на ветрови до 340 километри на час, а контрукцијата содржи тунел под морето од девет километри.